Во болниците во земјава се лекуваат 568 пациенти кои се позитивни или сомнителни на ковид-19, а дневниот пресек на состојбите покажува дека има околу 500 слободни кревети.
Според информациите од Министерството за здравство, во ковид-центрите во главниот град се лекуваат од 240 од 568 хоспитализирани, додека останатите 328 се во болниците во внатрешноста.
Најмногу хоспитализирани има на Инфективната клиника – 82 и во Градската општа болница „8 Септември“ – 76. На Детската клиника во Козле, пак, се сместени 19 пациенти.
Од останатите ковид-центри во Скопје, на Клиниката за неврологија има 23 пациенти, а на Кожната клиника и Институтот за ТБЦ по 20.
Во болниците во другите градови, состојбата е следна: во штипската има 35 пациенти, во Битола 21, Тетово 24, Велес 24, Куманово 48, Охрид 50, Прилеп 19, Гостивар 15, Струга 25, Струмица 17, Кочани 4, Кичево 8, Кавадарци 18, Гевгелија 6, Дебар 13.