Во болниците во државата се лекуваат 101 пациент со коронавирус од кои 36 се во ковид-центрите во Скопје, а во болниците во другите градови 65, покажува денешниот извештај на Министерството за здравство.
Во Скопје изминатото деноноќие имало само 4 нови приеми, а дома се пуштени 7 излекувани пациенти. Најголем дел од хоспитализираните во главниот град се на Инфективната клиника – 22. Во Градската општа болница „8 Септември“ има 12 пациенти, а на Институтот за ТБЦ само двајца.
Од 65 хоспитализирани во болниците во другите градови, извештајот на Министерството покажува дека најмногу има во Куманово 16. Во останатите градови има под 10 пациенти: Струмица 9; Гостивар 8; Велес и Охрид по 7; Струга 5; Штип и Битола по 4; Тетово и Припеп по 2; Кичево 1.
Кога станува збор за извештајот за процесот на вакцинација, здравствените власти информираа дека вчера се вакцинирале 11 431 граѓанин од кои 1 477 со прва додека, додека останатите се ревакцинирале.
Вкупниот број на вакцинирани во државата изнесува 255 808 од кои 187 120 веќе се и ревакцинирани.
„Со последните бројки 48% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“,
велат од Министерството за здравство.
Интерес за вакцина преку www.vakcinacija.mk досега искажале 448 502 граѓани.