Вкупната бројка на пациенти кои се позитивни или сомнителни на ковид-19, а лежат во болниците во земјава изнесува 1 290. Во моментов има околу 130 слободни кревети, покажува дневниот извештај од Министерството за здравство.
Најголемиот дел од пациентите се хоспитализирани во болниците од внатрешноста – 814, додека останатите 476 се во Скопје.
Најмногу пациенти во болниците надвор од Скопје во моментов има во Куманово – 118 и Охрид – 111. Во Прилеп се хоспитализирани 104.
Понатаму, во струмичката болница лежат 72, во Битола 70, во Велес 65, во Штип 56, во Гостивар 49, во Тетово 46, во Кавадарци 44, во Струга 32, во Кочани 20, во Кичево 18, а во Гевгелија 9.