Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 594 и има околу 520 празни болнички кревети во ковид – центрите
Осум лица починаа од компликации од ковид-19 во земјава во изминатите 24 часа а од направени 1 846 теста регистрирани се 199 новозаразени со коронавирус, соопшти Министерството за здравство.
Двајца од починатите се од Кочани (74, 70г), додека по еден смртен случај е регистриран од Скопје (76г), Ресен (88г), Кавадарци (77), Гостивар (70), Гевгелија (63) и Битола (65), сите во болнички услови.
Од новите случаи на ковид-19, најмногу се од Скопје – 80, потоа од Охрид – 19 , Кавадарци -19, Тетово -14 , Прилеп – 13, Куманово – 9, Гостивар и Велес по 7, Струмица и Гевгелија по 6, Битола и Струга по 5, Свети Николе, Ресен и Делчево по 2, Штип, Кочани и Кратово по 1.
Регистрирани се и 264 оздравени пациенти.
Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94 798, додека на починати е 2 924, а бројот на активни случаи изнесува 7 875.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 41416, активни 3979
• Куманово 5274, активни 313
• Тетово 5196, активни 319
• Прилеп 4636, активни 177
• Гостивар 3661, активни 192
• Штип 3528, активни 97
• Битола 3269, активни 148
• Велес 3183, активни 249
• Охрид 2933, активни 404
• Кавадарци 2760, активни 402
• Струмица 2578, активни 234
• Струга 2276, активни 180
• Кочани 1748, активни 62
• Кичево 1736, активни 109
• Свети Николе 1090, активни 33
• Гевгелија 1039, активни 122
• Неготино 991, активни 87
• Дебар 775, активни 83
• Ресен 756, активни 89
• Крива Паланка 739, активни 37
• Радовиш 730, активни 54
• Делчево 665, активни 218
• Берово 606, активни 34
• Пробиштип 515, активни 26
• Виница 499, активни 30
• Валандово 330, активни 11
• Демир Хисар 252, активни 11
• Македонски Брод 247, активни 11
• Кратово 238, активни 24
• Богданци 226, активни 17
• Демир Капија 224, активни52
• Крушево 220, активни 37
• Македонска Каменица 192, активни 18
• Пехчево 183, активни 7
• Дојран 87, активни 9
• Вкупно 94798, активни 7875
Направените 1 846 теста се преку: ИЈЗ-411, ЦЈЗ Скопје-50, Авицена-224, Биотек-156, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Систина-243, лабораторија Лаор–269, МАНУ-75, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-67, Синлаб-15, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 270.
Досега во земјата се направени вкупно 470 691 тестирања на ковид-19.
Во болниците се лекуваат 594
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 594 и има околу 520 празни болнички кревети во ковид – центрите.
Изминатото деноноќие во Скопје, во болница се примени 22 пациенти со компликации од коронавирусот.