Седумте пациенти кои починаа во изминатото деноноќие имале претходни коморбидитети, информираат од Министерството за здравство.
Од починатите на Инфективна клиника – 79-годишниот пациент од Скопје – Сарај, бил хоспитализиран на 21 мај, а претходно лекуван од TBC (туберколоза).
Пациентката на 66-годишна возраст од Струга-Лабуништа била хоспитализирана на 8 јуни, а имала висок крвен притисок и дијабет.
Педесет и четири годишната пациентка од Скопје, Студеничани билахоспитализирана на 5 јуни, а имала хронично обструктивна белодробна болест и гојазност.
„Починатата пациентка при прием во амбулантата на Инфективната клиника спаѓа во најкритичните пациенти бидејќи била со трансплантиран бубрег. Таа со семејството вчера дошла на Клиниката за нефрологија со приватно возило во тешка состојба. И бил земен брис. Во тие 3-4 часа додека била на Клиниката била максимално згрижена, а потоа била упатена на Инфективната клиника“,
објаснуваат од Министерството за здравство.
Од починатите во ГОБ „8 септември“ – пациентката 77-годишна од Скопје, хоспитализирана на 8 јуни имала срцева слабост. Пациентката (73 години) од Струга, била примена на 7 јуни, а имала хронична леукоза, висок притисок и дијабет.
Пациентите биле примени како сомнителни на ковид-19 и потврдени по прием.
Пациентот 87-годишен кој почина во Штипската болница бил лекуван во болница од 26 мај, а имал кардиоваскуларни заболувања.