Министерството за здравство објави дека се пријавени 18 смртни случаи, од кои 9 починале дома минатиот месец
Едноцифрена бројка на новозаразени со ковид-19 е регистрирана во земјава во последното деноноќие, додека бројката на починати и овој пат е двоцифрена, иако половина од смртните случаи се од минатиот месец.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1 418 тестирања, а регистрирани се само 7 нови случаи на ковид-19 – сите во Скопје.
Регистрирани се 71 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 18 починати лица, од кои 7 од Скопје (41г,54г,58г,79г,81г,84г и 86г), по тројца починати се од Тетово (69г,72г и 81г) и од Гостивар (68г,68г и 77г), двајца од починатите се од Прилеп (80г и 90г) и по едно лице од Виница (76г), Македонска Каменица (77г) и Дебар (92г).
Како што соопштија од Министерството за здравство, 9 лица починале во домашни, а останатите 9 во болнички услови. Пријавените 9 лица починати во домашни услови се од месец април.
Досега во земјата се направени вкупно 778 092 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 067, бројката на оздравени пациенти е 146 940, на починати е 5 329, а бројот на активни случаи изнесува 2 798.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68412, Активни 1129
Куманово 8805, Активни 257
Прилеп 8283, Активни 122
Тетово 7207, Активни 104
Битола 6286, Активни 183
Велес 5467, Активни 69
Гостивар 5164, Активни 45
Кавадарци 5150, Активни 38
Охрид 4994, Активни 186
Штип 4956, Активни 50
Струмица 4106, Активни 77
Струга 2979, Активни 65
Кочани 2785, Активни 47
Кичево 2550, Активни 74
Гевгелија 2190, Активни 25
Неготино 2182, Активни 21
Свети Николе 1522, Активни 35
Ресен 1233, Активни 33
Крива Паланка 1219, Активни 7
Радовиш 1150, Активни 57
Берово 1027, Активни 4
Делчево 971, Активни 25
Дебар 939, Активни 5
Виница 881, Активни 47
Пробиштип 789, Активни 11
Валандово 665, Активни 4
Богданци 493, Активни 3
Крушево 489, Активни 22
Демир Хисар 397, Активни 18
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 373, Активни 20
Македонски Брод 358, Активни 2
Пехчево 268, Активни 1
Македонска Каменица 249, Активни 12
Дојран 132, Активни 0