Растот по бројот на новозаразени е во ситуација кога Русија се справува со ниска стапна на вакцинација

Русија денеска четврти ден по ред го руши дневниот рекорд по бројот на новозаразени со ковид-19. Како што објавија руските власти, во последните 24 часа регистрирани се 34 303 нови случаи, што е највисок број од почетокот на пандемијата. Бројот на смртни случаи во последното деноноќие изнесува 997.
Вчера, пак, Русија забележа рекорд и по бројот на починати кога за првпат бројот на смртни случаи во едно деноноќие ја надминаа границата од илјада. Имаше 1 002 починати.
Растот по бројот на новозаразени е во ситуација кога Русија се справува со ниска стапна на вакцинација. Како што пренесува агенцијата „Франс прес“, вакцинирано е само 32 отсто од населението.