Од вкупниот број на активни случаи, 177 се во Скопје, во Прилеп и Битола има по 20 односно 14 случаи, додека во другите градови бројот на активни е под 10 или воопшто нема
Во последните 24 часа направени се 649 тестови, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 27, Штип – 2, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Струмица, Делчево, Берово и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (37), регистрирани се 11 реинфекции.
Регистрирани се 33 оздравени пациенти од: Скопје – 25, Прилеп и Кавадарци – по 3, Охрид – 2.
Во денешниот ковид-билтен нема регистрирани смртни случаи во текот на изминатите 24 часа, а нема ниту дополнителни починати од претходните денови според регистарот од Мој термин.
Каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343 964, бројот на оздравени пациенти е 334 162, на починати е 9 561, а бројот на активни случаи изнесува 241.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 162 199, Активни 177
- Куманово 18 245, Активни 3
- Битола 17 984, Активни 14
- Прилеп 15 550, Активни 20
- Тетово 14 475, Активни 1
- Кавадарци 12 095, Активни 2
- Велес 10 812, Активни 1
- Охрид 10 321, Активни 2
- Гостивар 10 279, Активни 4
- Струмица 8 784, Активни 3
- Штип 8 770, Активни 5
- Кичево 6 075, Активни 0
- Кочани 5 544, Активни 0
- Струга 5 173, Активни 0
- Гевгелија 4 884, Активни 0
- Неготино 4 150, Активни 3
- Ресен 3 029, Активни 0
- Радовиш 2 836, Активни 0
- Свети Николе 2 795, Активни 0
- Крива Паланка 2 660, Активни 0
- Делчево 2 184, Активни 1
- Берово 1 876, Активни 1
- Дебар 1 812, Активни 0
- Валандово 1 600, Активни 0
- Виница 1 478, Активни 0
- Пробиштип 1 299, Активни 0
- Кратово 1 133, Активни 2
- Богданци 1 102, Активни 0
- Крушево 1 039, Активни 1
- Демир Хисар 929, Активни 0
- Македонски Брод 801, Активни 1
- Демир Капија 628, Активни 0
- Македонска Каменица 534, Активни 0
- Пехчево 519, Активни 0
- Дојран 370, Активни 0