Од починатите, еден случај е регистриран во изминатото деноноќие додека другите два смртни случаи се од периодот од 29 до 30 август
Во последните 24 часа се направени 912 теста, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 63, Битола – 13, Крива Паланка – 7, Кавадарци – 6, Ресен и Крушево – по 5, Прилеп и Гостивар – по 4, Куманово, Струга, Берово и Кратово – по 3, Велес, Штип, Кочани и Гевгелија – по 2, Тетово, Охрид, Струмица, Кичево, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (134), регистрирани се 33 реинфекции.
Регистрирани се и 144 оздравени пациенти од: Скопје – 81, Битола – 8, Штип – 7, Прилеп и Куманово – по 6, Велес и Кочани – по 5, Гостивар и Струмица – по 4, Крива Паланка, Кавадарци, Неготино и Радовиш – по 3, Ресен, Гевгелија, Тетово, Охрид, Кичево и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Куманово (65) во болнички услови. Согласно, Според Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пак, регистрирани се уште две починати лица: од Струмица (74) и Виница (76). Едно лице е починато во болнички и едно лице во домашни услови во периодот од 29.08. до 31.08.2022 година.
Активни се 1 287 случаи: Каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341 261, бројот на оздравени пациенти е 330 472, на починати е 9 502, а бројот на активни случаи изнесува 1 287.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 160 454, Активни 586
- Куманово 18 128, Активни 34
- Битола 17 833, Активни 105
- Прилеп 15 403, Активни 49
- Тетово 14 432, Активни 49
- Кавадарци 12 008, Активни 42
- Велес 10 744, Активни 31
- Гостивар 10 268, Активни 17
- Охрид 10 267, Активни 69
- Струмица 8 764, Активни 10
- Штип 8 716, Активни 27
- Кичево 6 058, Активни 21
- Кочани 5 533, Активни 26
- Струга 5 169, Активни 16
- Гевгелија 4 860, Активни 13
- Неготино 4 121, Активни 9
- Ресен 3 012, Активни 16
- Радовиш 2 828, Активни 14
- Свети Николе 2 791, Активни 10
- Крива Паланка 2 647, Активни 16
- Делчево 2 172, Активни 46
- Берово 1 860, Активни 26
- Дебар 1 811, Активни 4
- Валандово 1 596, Активни 3
- Виница 1 479, Активни 7
- Пробиштип 1 299, Активни 2
- Кратово 1 109, Активни 10
- Богданци 1 099, Активни 3
- Крушево 1 032, Активни 13
- Демир Хисар 925, Активни 1
- Македонски Брод 796, Активни 7
- Демир Капија 629, Активни 1
- Македонска Каменица 534, Активни 3
- Пехчево 515, Активни 1
- Дојран 369, Активни 0