Починатите се на возраст од 61 до 94 години. Во моментов во земјава активни се 6 378 случаи, од кои нешто помалку од 3 000 се во Скопје
Во последните 24 часа, според податоците од Институтот за јавно здравје, направени се 2 345 тестирања за ковид-19 од кои се регистрирани 373 нови случаи, информираше Министерството за здравство.
По градови, новозаразените се во: Скопје – 155, Прилеп – 47, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 20, Тетово – 17, Струга – 10, Битола – 9, Велес, Струмица и Берово – по 7, Штип, Крива Паланка и Делчево – по 6, Неготино – 5, Дебар и Валандово – по 4, Гостивар, Кочани, Ресен, Пробиштип и Кратово – по 3, Гевгелија – 2 и Кичево – 1.
Регистрирани се 309 оздравени пациенти од: Скопје – 114, Охрид – 40, Кавадарци – 20, Куманово – 18, Струга – 16, Велес – 14, Тетово и Прилеп – по 12, Кичево и Неготино – по 8, Битола – 7, Демир Капија – 5, Штип, Струмица и Кочани – по 4, Гевгелија, Берово и Крушево – по 3, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Виница и Македонски Брод – по 2, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 8 починати лица: 5 пациенти од Скопје (94г, 81 г, 79 г, 78 г и 76 г) и по еден од Куманово (66г), Гостивар (61г) и Прилеп (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Активни се 6 378 случаи, најмногу во Скопје
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98 174, бројката на оздравени пациенти е 88 778, на починати е 3 018, а бројот на активни случаи изнесува 6 378.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 42 900, активни 2 845
- Куманово 5 420, активни 244
- Тетово 5 312, активни 225
- Прилеп 4 965, активни 393
- Гостивар 3 713, активни 116
- Штип 3 590, активни 92
- Битола 3 339, активни 127
- Велес 3 313, активни 229
- Охрид 3 089, активни 367
- Кавадарци 3 023, активни 438
- Струмица 2 638, активни 149
- Струга 2 337, активни 159
- Кочани 1 777, активни 48
- Кичево 1 752, активни 59
- Свети Николе 1 100, активни 24
- Гевгелија 1 090, активни 102
- Неготино 1 066, активни 94
- Дебар 785, активни 42
- Ресен 784, активни 66
- Крива Паланка 775, активни 46
- Радовиш 741, активни 41
- Делчево 713, активни 224
- Берово 631, активни 34
- Пробиштип 526, активни 20
- Виница 507, активни 23
- Валандово 347, активни 19
- Демир Хисар 256, активни 11
- Кратово 257, активни 28
- Македонски Брод 251, активни 8
- Крушево 246, активни 47
- Богданци 233, активни 10
- Демир Капија 227, активни 28
- Македонска Каменица 193, активни 5
- Пехчево 183, активни 3
- Дојран 95, активни 12
