Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје се регистрира 47 оздравени пациенти во: Скопје – 9, Куманово – 9, Прилеп – 8, Тетово – 13, Охрид – 1, Гостивар – 5, Кочани – 1 и Крива Паланка – 1.
Регистриран е и еден смртен случај, за кој веќе објавивме. Станува збор за познатиот музичар и ТВ-водител, Драган Вучиќ, кој почина на 65-годишна возраст откако пред 8 дена бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести.
Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 1, Прилеп – 1, Тетово – 4 и Кратово – 1.
Согласно ова, вкупната бројка на дијагностицирани со ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1 518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441. Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 512
Куманово – 401
Дебар – 51
Штип – 34
Прилеп –159
Тетово – 90
Струга – 67
Велес – 77
Битола – 19
Охрид – 15
Кавадарци – 5
Гостивар – 17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино – 9 (*7 заболени лица се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод – 2
Пехчево – 2
Делчево – 1
Валандово – 1
Виница – 2
Кратово – 1
Направените 113 теста се преку: ИЈЗ – 108, Ветеринарен факултет – 0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) – 0, Систина со PCR-метода -0 и МАНУ -5. Досега во земјата се направени вкупно 17 359 тестирања за ковид-19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 24. На респираторна машина се 5 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 позитивни и суспектни на ковид-19.