Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 679 нови случаи на ковид-19. Потврдените случаи се од направени 1573 тестирања.
Најголем број позитивни случаи има во Скопје-273, Битола-59, а во Пробиштип, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија е регистиран само по еден позитивен со ковид-19.
Од вкупниот број на позитивни, регистирани се 130 реинфекции. Во изминатото деноноќие регистрирани се 291 оздравен пациент.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавено ниту едно починато лице. Исто така, и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.130.248 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 332.667, бројот на оздравени пациенти е 318.890, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 4.379
Според епидемиолошки анализи во моментов најмногу активни случаи има во Скопје-1826, во Битола има 287, Тетово е со 205, додека во Пехчево не е регистриран ниту еден активен случај.