Близу 60 отсто од новите случаи се од Скопје. Сличен е соодносот и кај вкупниот број активни случаи
Македонска Каменица, Пехчево и Дојран се единствените градови во земјава на чии подрачја нема активни случаи на ковид-19
Министерството за здравство регистрираше нови 297 случаи на КОВИД-19 во изминатите 24 часа. Бројката на новозарезени е од направени 1 113 тестови, што значи дека позитивен бил близу секој четврти тест (26,7%).
Добрата вест е што нема починати лица од ковид-19 во последното деноноќие, но во Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ регистрирани се две лица кои починале минатиот месец. Станува збор за жители на Скопје, на 80 и 71 година, со датум на смрт од 29 и 30 јуни 2022. Едното лице починало во болница, а другото во домашни услови. Во последните 24 часи оздравеле 180 пациенти.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство соопшти дека од вкупниот број позитивни (297), 69 се реинфекции. Најголем дел од новозаразените (174) се од Скопје. Потоа следат Куманово – 21, Битола – 17, Прилеп и Кавадaрци – по 12, Велес – 11, Гостивар има девет нови случаи, Штип – осум, Тетово – шест, Струмица, Кичево и Радовиш по четири, Кочани и Гевгелија по три, Ресен и Демир Хисар по два и по еден новозаразен имаат Охрид, Струга, Валандово, Кратово и Македонски Брод.
Од 180-те оздравени пациенти, 101 се од Скопје, Охрид – 21, Велес – 10, Штип – девет, Струга – осум, Битола – седум, Прилеп и Кочани по шест, Тетово – три, Гостивар има двајца оздравени и по еден во Куманово, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Неготино, Делчево и Дебар.
Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 315 699 од вкупно 2 088 834 тестирања на КОВИД-19. Оздравеле 304 777 пациенти, починале 9331, а активни случаи се 1 591.
Дистрибуција на вкупен број заболени и на активни случаи по градови:
- Скопје 149 203, Активни 856
- Куманово 16 847, Активни 98
- Битола 15 911, Активни 109
- Прилеп 14 316, Активни 51
- Тетово 13 571, Активни 54
- Кавадарци 10 809, Активни 61
- Велес 9 892, Активни 52
- Гостивар 9 660, Активни 30
- Охрид 9 081, Активни 88
- Штип 8 151, Активни 35
- Струмица 8 128, Активни 24
- Кичево 5 680, Активни 12
- Кочани 5 141, Активни 21
- Струга 4 752, Активни 9
- Гевгелија 4 439, Активни 10
- Неготино 3 720, Активни 9
- Ресен 2 765, Активни 6
- Свети Николе 2 643, Активни 2
- Радовиш 2 548, Активни 17
- Крива Паланка 2 425, Активни 7
- Делчево 1 994, Активни 6
- Берово 1 693, Активни 1
- Дебар 1 686, Активни 4
- Валандово 1 493, Активни 5
- Виница 1 399, Активни 1
- Пробиштип 1 278, Активни 8
- Богданци 1 027, Активни 4
- Кратово 972, Активни 3
- Крушево 933, Активни 2
- Демир Хисар 839, Активни 3
- Македонски Брод 745, Активни 2
- Демир Капија 595, Активни 1
- Македонска Каменица 525, Активни 0
- Пехчево 486, Активни 0
- Дојран 352, Активни 0