Бројот на активни случаи во државата изнесува 1 714 од кои најголем број се во Скопје и Битола
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1 084 теста, а регистрирани се 240 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број позитивни регистрирани се 58 реинфекции. Во изминатото деноноќие има 446 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје на возраст од 80 години. Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се три починати лица, од Прилеп (73), Демир Хисар (60) и Демир Капија (67). Сите лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 16 до 24 август.
Досега во земјата се направени вкупно 2 150 194 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340 119, бројот на оздравени пациенти е 328 924, на починати е 9 481, а бројот на активни случаи изнесува 1 714.
Најмногу активни случаи има во Скопје – 776 и Битола – 156. По еден активен случај е регистриран во Пробиштип и Валандово, а во Дојран нема ниту еден.