Куманово со 13 почнати ја предводи неславната листа на градови според бројот на жртви од ковид-19 во Македонија. Со двоцифрен број починати, од вкупно 51 во државава, е и Струга, со 10 жртви од коронавирусот досега.
Во главниот град, заклучно со денеска, се регистрирани 9 починати. Од Скопје е едно од двете новопочинати лица за кои здравствените власти известија денеска. Станува збор за 66-годишен пациент, кој имал дијабет и кардиоваскуларни проблеми, а се лечел на Клиниката за инфективни болести.

Вториот починат за кој се известува во денешниот извештај е 83-годишно лице од Штип, кој имал кардиоваскуларни болести, а бил хоспитализиран во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Со него, бројот на починати во Штип се искачи на двајца.
Во Тетово и во Дебар досега се регистрирани по четворица починати, Прилеп и Велес имаат по три жртви, а Кавадарци, Кочани и Крушево по еден смртен случај од ковид-19.
*поврзана вест За 24 часа нови 37 заразени од 314 тестирани, двајца починати и 15 излекувани