Во последното деноноќие во Македонија починале девет лица кои биле заразени со ковид-19. Според Министерството за здравство станува збор за тројца пациенти од Скопје, по двајца од Куманово и од Гостивар и по еден пациент од Штип и Струга.
Во последните 24 часа биле направени и 1 542 теста, од кои се потврдени вкупно 137 нови заболени од коронавирусот. Речиси половина од новите болни се од Скопје а двоцифрен број новозаболени има и во Штип, Куманово и Гостивар.
- Скопје 60
- Куманово 13
- Дебар 5
- Штип 16
- Прилеп 3
- Тетово 7
- Струга 1
- Велес 3
- Битола 5
- Охрид 1
- Гостивар 11
- Кочани 1
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 1
- Виница 1
- Свети Николе 3
- Кичево 5
Според податоците на Институтот за јавно здравје и денеска бројот на оздравени пациенти е помал од бројот на новозаболени. Вкупно, во последното деноноќие, 103 пациенти повеќе не се болни од вирусот. Половина од оздравените се од градот со најмногу болни – Скопје.
- Скопје 53
- Дебар 3
- Штип 1
- Прилеп 6
- Тетово 7
- Велес 5
- Битола 2
- Кавадарци 1
- Гостивар 11
- Струмица 1
- Крушево 1
- Кичево 3
- Ресен 9
Досега во земјата се направени вкупно 94 092 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9 934, бројката на оздравени пациенти е 5 357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4 117.