Скопје и натаму е град со најмногу активни случаи со ковид-19 – 944. Во рамки на скопските општини, пак, Чаир е на врвот на листата со 195 моментално заразени со коронавирус, по што следуваат Бутел со 72, Центар со 71, Аеродром со 67, Гази Баба со 66, Карпош со 64, Сарај со 58 случаи.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, останатите случаи се во Кисела Вода – 39, Ѓорче Петров – 26, Студеничани – 24, Арачиново – 24, Шуто Оризари – 21, Илинден – 19, Петровец – 6, Чучер Сандево – 3, Сопиште – 2, а има и двајца странски државјани.
По Скопје, на ниво на државата, според бројот на активни случаи се Штип – 186, Куманово – 155 и Тетово со 145 случаи со ковид-19.