Согласно регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително седум лица, починати во периодот од 14 до 19 декември
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во изминатото деноноќие се направени вкупно 3 366 тестирања, а од нив се регистрирани 320 нови случаи на ковид-19. Регистрирани сe и 214 оздравени пациенти, а осум лица починале.
Новите 320 случаи на ковид-19 по градови: Скопје – 165, Прилеп – 26, Охрид –18, Кавадарци – 16, Битола – 11, Велес – 10, Куманово – 8, Струмица – 7, Тетово и Ресен – по 6, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 5, Кичево и Кочани – по 4, Штип и Берово – по 3, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се осум починати лица и тоа: три починати лица од Скопје (56г, 64г и 80г), две починати лица од Кавадарци (29г и 59г), и по едно починато лице од Велес (77г), Охрид (72г) и Ресен (72г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1 558 639 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222 064, бројот на оздравени пациенти е 208 938, на починати е 7 853, а бројот на активни случаи изнесува 5 273.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 97 448, Активни 2 571
Куманово 13 075, Активни 127
Тетово 11 404, Активни 78
Прилеп 10 659, Активни 377
Битола 9 093, Активни 384
Гостивар 8 077, Активни 20
Велес 7 462, Активни 168
Кавадарци 7 328, Активни 244
Штип 6 712, Активни 104
Охрид 6 705, Активни 225
Струмица 6 235, Активни 124
Кичево 4 300, Активни 80
Кочани 4 084, Активни 56
Струга 3 918, Активни 21
Гевгелија 2 892, Активни 98
Неготино 2 621, Активни 47
Свети Николе 2 150, Активни 46
Крива Паланка 1 944, Активни 58
Ресен 1 830, Активни 75
Радовиш 1 800, Активни 55
Берово 1 476, Активни 16
Делчево 1 460, Активни 56
Дебар 1 457, Активни 1
Виница 1 175, Активни 19
Пробиштип 1 138, Активни 16
Валандово 1 015, Активни 70
Кратово 790, Активни 12
Богданци 673, Активни 31
Демир Хисар 635, Активни 32
Крушево 603, Активни 22
Македонски Брод 520, Активни 15
Македонска Каменица 429, Активни 22
Демир Капија 426, Активни 0
Пехчево 357, Активни 1
Дојран 173, Активни 2