Бројот на активни случаи падна на 6 486, а од нив околу половина се во Скопје
Во последните 24 часа направени се 726 тестирања од кои се регистрирани 75 нови случаи со ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
По градови новите случаи се во: Скопје – 45, Кавадарци – 11, Прилеп – 8, Струга – 3, Неготино, Тетово и Велес по 2, Куманово и Кочани по 1.
Регистрирани се 1 440 оздравени пациенти од: Скопје – 798, Кавадарци – 76, Струмица – 71, Тетово – 67, Куманово – 56, Гостивар – 47, Велес-34, Прилеп-32, Неготино – 27, Битола – 26, Делчево – 25, Охрид и Гевгелија по 22, Кичево и Ресен по 18, Кочани – 15, Штип – 14, Струга-12, Свети Николе-10, Богданци и Македонска Каменица по 9, Дебар и Радовиш по 6, Берово-5, Демир Капија-4, Крива Паланка, Виница, Валандово и Дојран по 2, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево по 1.
Пријавени се вкупно 22 починати лица: 10 пациенти од Скопје (71г, 64 г, 79 г, 84 г, 32 г, 73 г, 81 г, 67 г и два случаи по 65 г); 2 од Тетово (68г и 70 г); 2 од Прилеп (66г и 85 г) и по еден смртен случај од Радовиш (85г), Кавадарци (63г), Гостивар (82г), Демир Капија (27г), Струмица (65г), Охрид (68г), Струга (71г) и Куманово (65).
Во моментов активни се 6 486 случаи
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94 871, бројката на оздравени пациенти е 85 439, на починати е 2 946, а бројот на активни случаи изнесува 6 486.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 41 460, активни 3 215
- Куманово 5 275, активни 257
- Тетово 5 198, активни 252
- Прилеп 4 644, активни 151
- Гостивар 3 661, активни 144
- Штип 3 527, активни 82
- Битола 3 269, активни 122
- Велес 3 185, активни 217
- Охрид 2 933, активни 381
- Кавадарци 2 771, активни 336
- Струмица 2 578, активни 162
- Струга 2 279, активни 170
- Кочани 1749, активни 48
- Кичево 1 736, активни 91
- Свети Николе 1 090, активни 23
- Гевгелија 1 039, активни 100
- Неготино 993, активни 62
- Дебар 775, активни 77
- Ресен 756, активни 71
- Крива Паланка 739, активни 35
- Радовиш 730, активни 47
- Делчево 665, активни 193
- Берово 606, активни 29
- Пробиштип 515, активни 26
- Виница 499, активни 28
- Валандово 330, активни 9
- Демир Хисар 252, активни 10
- Македонски Брод 247, активни 10
- Кратово 238, активни 24
- Богданци 226, активни 8
- Демир Капија 224, активни 47
- Крушево 220, активни 36
- Македонска Каменица 192, активни 9
- Пехчево 183, активни 7
- Дојран 87, активни 7
Направените 726 теста се преку: ИЈЗ-87, ЦЈЗ Скопје-46, Авицена-0, Биотек-77, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Систина-182, лабораторија Лаор – 0, МАНУ-53, Судска медицина-1, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 151, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8 Септември-0, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 471 417 тестирања на Ковид-19.