Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Драган Ковачки оцени дека власта нема поддршката од народот, работи спротивно на народната волја и е подготвена да стори национално предавство, правдајќи го тоа само со сликање за како што рече, некаков наводен почеток на преговори.
Тој од денешната прес-конференција од име на партијата побара да биде објавен протоколот кој според него македонското МНР го крие од јавноста.
„Го кријат затоа што со него се бугаризира Македонија, се бугаризираат македонските херои и на Бугарија и се дава можност да се повикува на документ со кој самите ќе се согласиме да се бугаризираме. Владата е должна да го објави“,
истакна Ковачки.
За Ковачки и за ВМРО ДПМНЕ е пародоксално тоа што власта ги вовлекува пратениците од СДСМ да гласаат за лист хартија што е доставен до Собранието кои и самите го немаат видено.
„Пратениците на СДСМ се ставени во улога на гласачка машина за предлогот кој Ковачевски се согласил да го протурка на штета на македонските интереси. Власта мора да ја слушне силата на аргументите, да престане да ја силува демократијата во државата и да престане да ја поларизира состојбата за која е директно одговорна. ВМРО-ДПМНЕ останува на цврсти позиции, промена на Устав – не доаѓа во предвид“,
рече тој.
Во однос на протестите, Ковачки истакна дека власта е исплашена од масовноста и со прекршочните пријави кон граѓаните кои што го блокирале патниот правец Радовиш – Струмица добиле прекршочни пријави врши уцени, закани и заплашувања кон мирниот народ кој е против асимилација и бугаризација.
„ВМРО ДПМНЕ ќе поддржи и ќе им даде помош на сите лица кои што се засегнати од овие уцени преку правна помош за во иднина тоа да не се повторува“,
изјави Ковачки.