„Одговорност за лагите мора да има. Тоа што Ковачевски не може да избегне од фактот дека приложил документ дека е трајно неспособен, не му дава за право да лаже со цел да дефокусира од себе. Со трајно неспособниот се гледаме на суд“, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, во кој објави оти ќе го тужи премиерот
По неколкунеделните партиски препукувања за тоа дали пратеникот Ковачки или премиерот Ковачевски дезертирале од Армијата, тензијата кулминира на последната собраниска седница за пратенички прашања на 29 септември кога Ковачки и Ковачевски си разменија низа навреди и обвинувања од собраниската говорница
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, денеска на Фејсбук објави дека поднел тужба за клевета против премиерот Димитар Ковачевски и владејачкиот СДСМ поради ставот на владејачката партија и премиерот дека Ковачки дезертирал од Армијата.

„Од страна на СДСМ и нивниот трајно неспособен премиер за мене беше кажано дека сум дезертирал од АРМ, сум кодошел, сум продавал некакви тајни на странски служби, сум крадел документи, дека некој ми ги скинал еполетите од униформата и што ли уште не“,
пишува Ковачки во објавата на Фејсбук.
Тоа, како што додава Ковачки, се апсолутни невистини и клевети со кои СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста од вистината оти Македонија ја води трајно неспособен премиер кој одбил да ја брани својата држава.
„Одговорност за лагите мора да има. Тоа што Ковачевски не може да избегне од фактот дека приложил документ дека е трајно неспособен, не му дава за право да лаже со цел да дефокусира од себе. Со трајно неспособниот се гледаме на Суд“,
додава Ковачки во фејсбук-објавата.
По неколкунеделните партиски препукувања за тоа дали пратеникот Ковачки или премиерот Ковачевски дезертирале од Армијата, тензијата кулминира на последната собраниска седница за пратенички прашања на 29 септември кога Ковачки и Ковачевски си разменија вербален оган од собраниската говорница.
Дезертер, лажго, деловно неспособен, марионета, крадец, кодош, криминалец, неработник, насилник беа дел од обвинувањата и навредите што си ги упатија еден кон друг.
За навредите, додава Драган Ковачки во објавата на Фејсбук, нема да тужи зашто тие повеќе говорат за тој што ги кажува отколку за тој кон кого се упатени.