Ковачевски ова го изјави на денешната прес-конференција во Владата, прашан дали според него министерот Бујар Османи навистина го прекршил Законот ја јазици, за што го обвини опозицијата, и дали доколку го прекршил ќе побара одговорност од него. Премиерот не даде конкретен одговор на ова прашање, туку кажа дека Министерството за надворешни работи (МНР) дало соодветен одговор на обвинувањата што ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ
Обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека министерот за надворешни работи Бујар Османи го прекршил Законот за јазици кога за време на прес-конференцијата со својот шпански колега не го користел македонскиот јазик како официјален јазик на државата, туку дека говорел единствено на албански јазик, според премиерот Димитар Ковачевски, е една од низата хистерии кои ги шири опозицијата.
Ковачевски ова го изјави на денешната прес-конференција во Владата, прашан дали според него Османи навистина го прекршил Законот и дали доколку го прекршил ќе побара одговорност од него.
Премиерот не даде конкретен одговор на ова прашање туку кажа дека Министерството за надворешни работи (МНР) дало соодветен одговор на обвинувањата кои ги изнесе опозициската партија.
„Прво, МНР имаше изјава, дури тие бараат и извинување од партијата којашто го пласираше тоа. Одговорот на МНР мислам дека е соодветен на тоа што беше направено на Велигден“,
рече Ковачевски.
Тој додаде дека целта на опозицијата е да шири хистерија во општеството и дека се вратила на она што најдобро го знае, а тоа, како што рече, е подгревање на етничките тензии во државата.
„До пред некое време главна тема беше дека ќе сме се бугаризирале и асимилирале и дека ќе нема македонски јазик. Откако го потпишавме договорот Фронтекс на македонски јазик гледам дека не ја употребуваат иако воопшто не влегоа ни да го гласаат договорот. Потоа, кога после една година од изгласувањето на францускиот предлог во Собранието и отпочнувањето на преговорите со ЕУ ние сме Македонци со заштитен македонски идентитет потврден од ЕУ и таа тема не ја гледам, а сега се вратија на тоа што најдобро го знаат – подгревање на етничките тензии во државата“,
додаде Ковачевски.
И покрај тоа што и Министерството за надворешни работи (МНР) и Османи уште вчера ги отфрлија обвинувањата на опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ и денеска неколкупати побараа извинување, но и оставка од министерот Османи за, како што велат, нарушување на угледот на државата преку непочитување на уставот и законите.
Опозицијата го обвини и премиерот Ковачевски оти застанал зад непочитувањето на државата и дека не се осмелил да го осуди, ниту, пак, да го санкционира шефот на дипломатијата оти, како што велат, ако го стори тоа следниот ден ќе му падне владата, а така нема да може да се одржи ден повеќе на власт и да го краде народот.