Бугарски Дневник.бг наведува дека ова патување на премиерите ќе го одбележи спорот помеѓу двете држави и бугарското вето за старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, како и дека според непотврдени информации, пред извесно време било разговарано Петков и Ковачевски за време на ова патување да објават напредок во разговорите или решение кое би водело кон укинување на ветото
Премирот Димитар Ковачевски денеска заминува во Рим каде ќе ја предводи државната делегација во Италија и Ватикан во официјална и работна посета во рамките на одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.
Од Владата соопштија дека премиерот Ковачевски програмата на посетата на Светата Столица ќе ја започне на 23 мај со тет-а-тет средба со неговата светост папата Франциск.
„Програмата во Ватикан потоа продолжува со аудиенцијата кај папата Франциск на која заедно со премиерот Ковачевски ќе присуствуваат и ќерката Тамара Ковачевска, како и членовите на делегацијата Бујар Османи, министер за надворешни работи, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура, Мартин Попов, шеф на Кабинет на претседателот на Владата, Ана Андреева, секретар за комуникации, односи со јавност и протокол на претседателот на Владата, Даријан Сотировски, директор на комисијата за односи со верски заедници, Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ, Пимен Илиевски, митрополит на МПЦ-ОА, Јосиф Тодоровски, митрополит на МПЦ-ОА и Зоран Стојанов, декан на струмичка епархија на Католичката црква“,
стои во владиното соопштение.
Заедно со министерот за надворешни работи Османи ќе имаат средба со државниот секретар на Светата Столица Пјетро Паролин и со секретарот за односи со државите Пол Ричард Галагер.
„Програмата во чест на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, на 23 мај, делегацијата на Република Северна Македонија ќе ја заокружи со полагање венец на спомен-плочата на македонски јазик во папската базилика Санта Марија Маџоре и со пригодна културно-уметничка програма во која ќе учествуваат и наши истакнати уметници што живеат и работат во Италија“,
соопшти владата.
Во соопштението се вели дека на 24 мај официјалниот дел од програмата започнува со оддавање почит пред гробот на Свети Кирил во базиликата Сан Клементе, каде што митрополитите Пимен и Јосиф ќе одржат молебен во чест на Св. Кирил на кој ќе присуствува целата делегација на Република Северна Македонија.
„Работниот дел од посетата на Италија во текот на 24 мај ја вклучува и средбата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со претседателот на Советот на министри на Италија Марио Драги. Како дел од работната посета, на 23 мај премиерот Ковачевски ќе се сретне со премиерот на Бугарија Кирил Петков“,
стои во соопштението.
Од Владата вчера потврдија дека македонскиот и бугарскиот премиер, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, денеска ќе имаат средба во рамки на работниот дел од посета на Италија.
„Работниот дел од посетата на Италија во текот на 24 мај ја вклучува и средбата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со претседателот на Советот на министри на Италија, Марио Драги. Како дел од работната посета, на 23 мај премиерот Ковачевски ќе се сретне со премиерот на Бугарија, Кирил Петков“,
стои во соопштението на Владата.
Дека двајцата премиери ќе имаат средба за време на нивното патување во Рим и Ватикан претходно објави и прес-службата на бугарската Влада.
Бугарски „Дневник.бг“ наведува дека ова патување на премиерите ќе го одбележи спорот помеѓу двете држави и бугарското вето за старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, како и дека според непотврдени информации, пред извесно време било разговарано Петков и Ковачевски за време на ова патување да објават напредок во разговорите или решение кое би водело кон укинување на ветото.