Денешниот ден е навистина голем и важен за иднината на сите граѓани во нашата земја, тие заслужуваат да живеат во стабилно, демократско и европско општество. Посакувам успешна работа, македонскиот тим е подготвен за предизвикот, напиша тој на Фејсбук
Премиерот Димитар Ковачевски, по повод почетокот на скрининг-процесот за членство на Северна Македонија во Европската Унија, истакна дека после 17 години ЕУ денеска во Брисел го започна скрининг-процесот за Северна Македонија за членство во Европската Унија.
„Отворени се преговорите со Европската Унија! После 17 години чекање, денеска во Брисел се отвори скрининг-процесот за Северна Македонија за членство во Европската Унија. Започнуваме процес во кој ќе се продлабочат суштинските реформи за имплементација на европските регулативи, за европеизација на општеството и за европско функционирање на државата. Денешниот ден е навистина голем и важен за иднината на сите граѓани во нашата земја, тие заслужуваат да живеат во стабилно, демократско и европско општество. Посакувам успешна работа, македонскиот тим е подготвен за предизвикот“,
објави Ковачевски на Фејсбук.
Денеска во Брисел започнува објаснувачкиот скрининг за Поглавје 5, Јавни набавки. Македонската делегација во Брисел ја преводи вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач Бојан Маричиќ. Од 15 до 27 септември 2022 година ќе се одвиваат состаноци за областите и поглавјата од кластерот – Фундаментални вредности, кога Комисијата ќе го презентира новото законодавство за овие области.