Денес имаме средба со в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, и тоа е продолжување на лидерската средба што ја имавме изминатиот период, но планирам поединечни средби и со останатите лидери на политичките партии кои се дел од Собранието со цел да продолжиме да разговараме за одлуките што треба да ги донесеме за европската иднина на државата, а за кои е потребен широк политички и општествен консензус. Ова го најави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање по денешната презентација за инвестицијата од претставниците од турската високотехнолошката компанија „Текнопанел“
Исто така, Ковачевски вели дека со лидерите сака да разговара и за законските решенија кои треба да се носат во Собранието кои се од реформски карактер.
„Ова особено се однесува на делот на владеење на правото, борбата со корупцијата и справувањето со економската криза што ја имаме во државата и особено во делот на законите што се блокирани во Собранието, а се однесуваат на овие три области. Сè друго е во делот на шпекулациите, ова се темите за кои денеска ќе разговараме со Таравари“,
рече Ковачевски.