Премиерот и американскиот државен секретар размениле мислења и за билатералните односи меѓу земјава и САД, при што било нагласено оти С Македонија е стабилен стратегиски партнер и докажан сојузник на Соединетите Американски Држави. Било додадено дека двете држави споделуваат длабоки врски, засновани на заедничка почит на демократските вредности и човековите права, а дека ваквите односи ќе продолжат да се развиваат со засилена динамика
Соединетите Американски Држави ќе продолжат со својата поддршка кон Северна Македонија во насока на преземање на следните чекори во нејзиниот евроинтегративен процес, притоа високо ценејќи ги досегашните одлуки кои македонската влада ги презеде во насока на обезбедување просперитетна иднина на земјата во рамки на Европската Унија и НАТО.

Ова, меѓу другото, било споделено на средбата која премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи ја оствариле со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во рамки на својата работна посета на Вашингтон.
„Американскиот државен секретар Блинкен, на состанокот потенцираше дека САД високо го ценат придонесот на Република Северна Македонија во регионалниот контекст но пред сè како цврст НАТО-сојузник. Блинкен ја пренесе силната долгогодишна поддршка на претседателот Бајден на регионот и особено на Северна Македонија, со надеж дека земјата ќе ги искористи можностите кои се пред неа, а на тој пат, државниот секретар потенцираше дека САД ќе стојат цврсто со Северна Македонија“,
се наведува во владиното соопштение за средбата Ковачевски-Блинкен.
Ковачевски и Блинкен размениле мислења и за билатералните односи меѓу земјава и САД, при што било нагласено оти С Македонија е стабилен стратегиски партнер и докажан сојузник на Соединетите Американски Држави. Било додадено дека двете држави споделуваат длабоки врски, засновани на заедничка почит на демократските вредности и човековите права, а дека ваквите односи ќе продолжат да се развиваат со засилена динамика.

„Премиерот потенцираше дека Северна Македонија добива силна и континуирана поддршка од САД во остварувањето на стратегиските цели од прогласувањето на независноста до денес и изрази задоволство од успешното започнување на Стратешкиот дијалог со САД, што е нова одредница во нашите пријателски односи, подобрување на заемните политички, економски и други форми на дијалог, образовни и културни врски“,
се додава во соопштението од Владата.
Меѓу другото, Ковачевски на средбата ја нагласил важноста на досегашната поддршка на САД во поглед на натамошната демократизација на нашето општество, владеењето на правото, како и борбата против криминалот и корупцијата – реформи кои, како што истакнал, се највисок приоритет.
Во владиното соопштение се додава оти поддршката од САД ќе продолжи и во наредниот период зашто е од голема важност за просперитетот на земјава, но и на целиот регион.