Досегашниот пратеник од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов, ќе биде нов градоначалник на Струмица. Со разлика од над 4 000 гласа, Костадинов триумфираше над кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов.

„Ќе бидам градоначалник на сите, ќе бидеме советници на сите, без оглед на партиската определба. Нашите врати ќе бидат отворени за сите. Оваа огромна поддршка значи и огромна одговорност, значи да се биде отворен, да се биде комуникативен, од градоначалникот до секој што работи во Општина Струмица. Ова е значајна победа и за Струмица и за Македонија. Јас сум сигурен дека таквата поддршка ќе се зголемува оти ние го знаеме и го нудиме најдоброто, и кадровски и програмски, а од утре нѐ чека работа. Струмица ќе биде уште поубаво, уште помодерно место за живеење“,
рече Костадинов.
За разлика од Струмица, каде што сѐ е решено во првиот круг, во околните помали општини Конче, Василево и Ново Село, но и во Радовиш и во Гевгелија градоначалници ќе бидат избрани во вториот круг, на 30 октомври.