Според соопштението на косовската полиција, во соработка со полицијата на Албанија претходно била идентификувана плантажата во близина на селото Кошаре, внатре на територијата на Косово
Полицијата на Косово соопшти дека денеска открила плантажа со околу 20 илјади стебла од растението канабис кај граничниот појас меѓу Косово и Албанија.
Според соопштението на косовската полиција, во соработка со полицијата на Албанија претходно била идентификувана плантажата во близина на селото Кошаре, внатре на територијата на Косово. Плантажата засадена со канабис била голема околу еден хектар.
„Полициски службеници уште во 1.30 часот на 16.09.2023, започнаа со спроведување на оперативно-тактичкиот план. Во 03:00 часот полициските единици беа на местото каде што се засасдени наркотичните растенија (канабис). На граничниот појас меѓу Република Косово и Република Албанија, во Кошаре, во близина на Пирамидата Ц4, на територијата на Република Косово, најдени се околу 20 илјади садници, за кои се сомнева дека се канабис“,
се вели во соопштението на косовската полиција.
Расветлувањето на случајот ќе продолжи во координација со единиците за антидрога и надлежните судски органи, соопшти полицијата.