Количината на монети од две евра во оптек годинава е драстично зголемена, велат владините агенции. Косово и соседна Црна Гора не се дел од еврозоната, но сепак го користат еврото
Келнерите во едно кафуле во Приштина се откажаа оод тоа да проверуваат дали монетите од две евра се вистински или не, бидејќи страшно голем дел од нив се фалсификувани, а поради квалитетот на некои, речиси е невозможно да се открие дали се лажни или не.
„На почетокот сите ги гледаа и ги проверуваа монетите од две евра“,
рекол келнерот Ендрит.
Тој и неговите колеги ставале парички под светло или ги пуштале на маса и проверувале како звучат.
„Сега веќе не го правиме тоа… можеби добиваме вистински пари, а можеби и лажни пари. Се е исто“,
додал тој.
Количината на монети од две евра во оптек годинава е драстично зголемена, велат владините агенции. Косово и соседна Црна Гора не се дел од еврозоната, но сепак го користат еврото. Во лабораторијата во Приштина експерти проверувале повеќе од 30 000 лажни евро монети во првата половина од годината, наспроти 4 451 во истиот период лани.
„Квалитетот оди од многу лош до многу добар. Претходно монетите не беа магнетни како сега, претходно имаа проблеми со грамажата, но сега целосно одговараат на вистинската“,
изјавила Вјолца Мавриќи, работник во лабораторија.
Полицијата соопшти дека минатата година пријавила 804 случаи на фалсификат кај обвинителите, а досега 486 случаи годинава.
Во април тие уапсиле маж и жена кои од Северна Македонија донеле 10 600 фалсификувани монети од две евра во Косово. Бројни Албанци на социјалните мрежи објавуваат видеа на кои нудат лажни монети за 10 до 20 отсто од вредноста на вистинските евра.
Фото: EPA/DANIEL BOCKWOLDT