Единаесет населени места, од кои повеќето во северниот град Ломбардија се изолирани согласно мерките што ги презеде италијанската Влада, по вонредната средба поради епидемијата на новиот коронавирус откако вчера беа регистрирани два смртни случаи, јави ДПА.

Во овие области, каде живеат повеќе од 50 000 луѓе, треба посебни дозволи и за да се влезе и за да се излезе. Покрај двата смртни случаи, бројот на заразени сега достигна 79.
Вирусот откажа и натпревари во Серија А
Училиштата и градинките, спортските објекти и продавниците се затворени. Јавниот превоз е запрен.
Сите јавни собири, спортски настани и други настани се забранети за една недела. Меѓу откажаните настани се и три натпревари од првата фудбалска лига – Серија А. Станува збор за натпревари помеѓу: Верона – Каљари; Аталанта – Сасуоло и Интер – Сампдорија. Сите овие средби требаше да се одржат денеска. Не се објавени нови датуми на натпревар.
Во Кина бројот на заразени се искачи на 77 000
Во Кина, пак земјата од каде се прошири вирусот, бројот на заразени зголеми на 76 936, откако се пријавени 648 нови случаи, додека бројот на жртви достигна 2 442, соопшти Националната здравствена комисија.
Во Хубеи, епицентарот на епидемијата, бројот на новозаболени во вчераа се зголеми на 630. Тоа е значително зголемување од претходниот ден, кога беа пријавени 366 нови случаи на коронавирусот во Хубеи.
Бројот на жртви исто така се зголеми, достигнувајќи 2 346 до крајот на вчерашниот ден, што претставува зголемување за 96 од претходниот ден.
Јужна Кореја го подигна нивото на опасност на највисок степен
Во меѓувреме Јужна Кореја одлучи да го подигне нивото на опасност од новиот коронавирус на највисок степен. Тоа го најави претседателот Мун Џае Ин, откако во таа држава беа регистрирани повеќе од 100 нови случаи на заболени од Ковид-19.
Мун рече дека владата ќе го зајакне целокупниот одговор на вонредни состојби како дел од прогласување на „црвен“ степен на предупредување и дека локалните власти треба да преземат „исклучителони, моќни“ мерки за да спречат ширење на Ковид-19, јави Јонхап.
Јужна Кореја објави 123 нови случаи на коронавирус и два нови смртни случаи, со што, според јужнокорејскиот Центар за контрола и спречување болести, вкупните потврдени инфекции се 556 и бројот на починати е четири,