Бројот на заразени со новиот коронавирус во Африка надмина 1.000, според податоците на Африканските центри за контрола и превенција на болести.
Ангола ги објави своите први случаи, а потврда за постоење зараза има и од властите во Буркина Фасо. Таму од Ковид-19 се инфицирани дури четворица министри.
Најмалку 50 африкански земји досега потврдија случаи на инфекција. Брегот на Слоновата Коска објави дека од утре ќе ги затвори границите, додека изборните власти во Етиопија разговараа за можното влијание на вирусот на националните избори што треба да се реализираат подоцна оваа година. (МИА)