Џенева Вуд од Сиетл, САД, која има 90 години, успеа да го победи коронавирусот.
Таа се заразила во средината на февруари. Нејзината внука Кејт Нејди за „Сиетл рифајнд“ истакнува дека баба ѝ се извлекла оти отсекогаш била борец.
Џенева Вуд има пет деца, 11 внуци, 12 правнуци и три праправнуки. Од болница ќе биде пуштена следната недела.
Пред неколку дена, иранските медиуми објавија и дека 103-годишна жена од пошироката околија на Техеран исто така се излечила од коронавирусот. А, пак, британските медиуми пишуваа за успешно излечена брачна двојка од Хангжоу, Кина – кинески астроном на 98-годишна возраст и неговата 85-годишна сопруга.
Едно од највозрасните излечени лица во Кина, според италијанските медиуми, е и пензионираниот бискуп од Нанјанг – монсињор Жу, кој има 98 години.