Денешните црни статистики кои доаѓаат од Италија говорат дека бројот на починати лица од коронавирус денеска се искачи за 683. Сега вкупниот број на жртви во оваа земја изнесува 7 503.
Овие бројки покажуваат дека Италија денеска забележала пад на бројот на жртвите во однос на вчера, кога починаа 743 лица.
Вкупниот број на заразени со коронавирус изнесува 74 386.
Во Франција, пак, бројот на починати во последните 24 часа изнесува 231, додека вкупниот е 2 827.
Француските здравствени власти досега регистрираа 25 233 случаи на заразени. Бројот на излечени пациенти, пак, изнесува 3 9000.