Канада објави дека во земјата е регистриран првиот потврден случај на новиот коронавирус со потекло од Кина.
Според владиното соопштение, здравствениот систем во Торонто бил известен за првиот потврден случај на коронавирус кај лице која неодамна се вратило од Вухан, градот во Кина од каде почна да се шири заразата.
Ситуацијата во Кина пак драматично се влошува од ден во ден. Бројот на смртни случаи од вчера кога беа 41, се искачи на 56, откако властите во најтешко погодената провинција Хубеј известија за 15 нови смртни случаи и 323 новопотврдени заразени лица.
Со најновите бројки од Хубеј, епицентарот на инфекцијата, потврдени инфекции на национално ниво се 1.610 врз основа на податоците претходно објавените од централната власт.
Според американските медиуми, кои се повикуваат на научна анализа, секој заразен со новиот вирус ја пренесува болеста во просек на две или три лица, според тековната брзина на ширење, за што експертите велат дека зависи од влијанието на тековните мерки за контрола и превенција на болести. Тие мерки би требало да го спречат ширењето на заразата во најмалку 60 проценти од случаите, тврдат научниците.
Од денеска, северниот кинески град Тијанџин го запира меѓуградскиот автобуски сообраќај.
Властите во Хонг Конг објавија дека за запирање на ширењето на епидемијата од денеска се затвораат популарните забавни паркови на Дизниленд и Оушн Парк. Хотелите ќе останат отворени.
Во соопштението се додава дека заразеното лице кое е регистрирано таму е во болница и неговата состојба е стабилна.

Во Москва, седум лица со висока температура и симптоми на акутна респираторна вирусна инфекција биле пренесени од хотел во болница.
Според првичните податоци, сите седум се кинески државјани, пренесува ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор од „медицински кругови“. Извор на агенцијата соопшти дека заболените пристигнале во Москва пред неколку дена, заедно со уште 20 лица. Засега нема потврда дека се работи за заболени од коронавирусот.
За тоа што досега е познато за новиот коронавирус, прочитајте ТУКА.