На состанокот, како што соопштија од Јавното обвинителство, се дискутирало за надлежностите на двете институции во поглед на нивно ефикасно постапување со цел обезбедување фер и мирен изборен процес, како и за санкционирање на сите оние што евентуално би се обиделе да го нарушат
Во пресрет на двојните избори, претставници на Јавното обвинителство и на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) вчера одржале работен состанок со цел ефикасна координација на изборните процеси.

На состанокот, како што соопштија од Обвинителството, се дискутирало за надлежностите на двете институции во поглед на нивно ефикасно постапување со цел обезбедување фер и мирен изборен процес, како и за санкционирање на сите оние што евентуално би се обиделе да го нарушат.
На средбата присуствувале обвинителот Џељаљ Бајрами, кој е и претседател на Комисијата за следење на евентуални нерегуларности и кривични дела поврзани со изборите при ЈО, други претставници на Обвинителството, како и претставници на Антикорупциската комисија и претседателката Татјана Димитровска.
„Јавниот обвинител Бајрами го појасни составот и начинот на функционирање на Комисијата за следење на евентуални нерегуларности и кривични дела поврзани со изборите формирана во ЈО, динамиката на постапување по предметите поврзани со изборни нерегуларности и начинот на следење на предметите оформени по пристигнати известувања на посебната електронска адреса за пријавување: [email protected]“,
информираат од Обвинителството.
Претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, пак, ги презентирала активностите отпочнати од страна на ДКСК во предизборниот период и воспоставената база на податоци за службени возила кои ги користат институциите како прва активност за следење на нивното користење во предизборието.
Во соопштението од Обвинителството се додава дека ЈО и ДКСК ќе одржуваат директна комуникација и ќе се координираат при постапувањето по сите пријави за изборни нерегуларности