Министерот Амихаи Елијаху смета дека фрлањето нуклеарна бомба врз Појасот Газа е „една од можностите“ и дека хуманитарната помош за населението треба да биде ограничена
Министерот за наследство на Израел, Амихаи Елијаху, покажа тотална негрижа за палестинскиот народ тврдејќи дека оние што го веат знамето на Палестина, како и групацијата Хамас, не треба да постојат.
Во контроверзната изјава Елијаху вели дека палестинскиот народ „може да оди во Ирска или пустините“, и оние што мавтаат со знамето на Палестина, „не треба да продолжат да постојат на лицето на земјата“.
Министерот исто така рече дека фрлањето нуклеарна бомба врз Појасот Газа е „една од можностите“ и дека хуманитарната помош за населението треба да биде ограничена.
„Не би дале хуманитарна помош за нацистите. Нема невини цивили во Газа“,
изјавил Елијаху.
Веднаш по него реагираше премиерот на Израел, кој негираше дека Израел би фрлил нулеарна бомба во Газа.
„Изјавите на министерот Амихаи Елијаху не се засноваат на реалноста. Израел и ИДФ постапуваат во согласност со највисоките стандарди на меѓународното право за да избегнат штета на невините. Така ќе продолжиме додека не победиме“,
реагираше Нетанјаху.