Со ковид-пропусницата гостите докажуваат дека примиле две дози од вакцината, но не пред повеќе од седум месеци (или третата доза во меѓувреме), дека имаат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, негативен антигенески тест не постар од 48 часа
Српскиот епидемиолог Предраг Кон вели дека минимално што може да се направи за да намали ширењето на ковид-19 е земјата да воведе задолжително приложување ковид-пропусница за влез во затворени простории во текот на целиот ден, а не оваа мерка да важи како сега само по 22 часот.
„Следните две недели бројот на заразени ќе се зголемува, а пред нас е неповолен период. Единствениот излез од оваа ситуација е да се забрза вакцинацијата, а најмалку што треба да се направи за заразувањето да се забави е воведување ковид-пропусница на 24 часа“,
вели Кон.
Тој вели дека здравствениот систем во Србија е пред колапс и укажа дека и голем број пациенти не одат на редовни прегледи бидејќи се плашат да не се заразат со вирусот.
„Се одложуваат опреации, итни интервенции, а тоа придонесува за загрозување на животите“,
вели Кон.
Со ковид-пропусницата гостите докажуваат дека примиле две дози од вакцината, но не пред повеќе од седум месеци (или третата доза во меѓувреме), дека имаат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, негативен антигенски тест не постар од 48 часа.
Овој документ засега важи само во угостителските објекти од 22 часот, а дали овој вид мерка ќе се прошири и на другите затворени објекти останува да се процени во наредниот период.
Контролата на угостителските објекти ќе ја вршат инспекциски органи на чело со комуналната милиција и комуналните инспектори, а за оние кои нема да ја почитуваат оваа одлука следува парична казна.