Комисијата за заразни болести ѝ препорача на Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПЦР-тест не постар од 72 часа.
Препораката на Комисијата е донесена утрово на состанокот на кој се разгледувала актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.
Владата сега треба да се изјасни по препораката.
Претходно, како опција се споменуваше и затворање на северната граница.