Ова е еден од осумте закони за кои се предложени измени по скратена постапка, а кои се поврзани со изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д што ќе ги гради американско-трускиот конзорциум „Бехтел и Енка“
Иако со неизгласан дневен ред, денеска и членовите на собраниската Комисија за економски прашања ја почнаа расправата по однос на предложените измени од Законот за минерални суровини по скратена постапка, кој е еден од законите што треба да овозможат олеснето спроведување на проектот за изградба на коридорите
Со седум гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска го усвоија дневниот ред на кој како едиствена точка се предложените измени во Законот за работни односи по скратена постапка.
Ова е еден од осумте закони за кои се предложени измени по скратена постапка, а кои се поврзани со изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д што ќе ги гради американско-трускиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не го дадоа својот глас кога се гласаше дневниот ред.
Во процедурално обраќање, заменик-координаторката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, истакна дека партијата нема да прави активна блокада на Собранието, но потенцира дека за овој предлог-закон поднеле, како што рече, два суштински амандмани – едниот за да се поништи 60-часовната работна недела и вториот да се укине ексклузивата на министерката за труд и социјална политика.
„Сè за што вие критикувавте, го спроведувате трикратно, петкратно. Оние кои ви наредиле да се потпишете на овој предлог, имаат замешани прсти, но вие сте потписниците и за секој потпис еден ден ќе одговарате“,
рече Стојановска.
По усвојувањето на дневниот ред, претседателот на Комисијата за труд и социјална политика Елми Азири, даде пауза поради, како што рече, големиот број амандмани што се поднесени на предлог-законот.
Освен ВМРО-ДПМНЕ, вчера и опозициската Левица, но и коалицискиот партнер во власта, ВМРО народна партија најавија дека ќе поднесат амандмани во врска со предложените измени за овој закон.
Иако со неизгласан дневен ред, денеска и членовите на собраниската Комисија за економски прашања ја почнаа расправата по однос на предложените измени од Законот за минерални суровини по скратена постапка, кој е еден од законите што треба да овозможат олеснето спроведување на проектот за изградба на коридорите.
Претседателот на Комисијата, Диме Велковски, информира дека за измените на законот се поднесени четири амандмани – два од ВМРО-ДПМНЕ и два од Љупчо Балковски од ВМРО народна партија, кој е дел од владејачкото мнозинство. По неколку процедурални забелешки тој ја прекина седницата и најави нејзино продолжување следната недела.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во процедурални забелешки побараа до нив да биде доставен договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-д, за да можат да видат дали измените на предложените закони се во согласност со него, притоа изнесувајќи сомнежи за криминал и корупција.