Седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го презентираше извештајот за мерките и активностите што МВР ги презело во врска со лажните дојави за поставени експлозивни направи, вчера заврши без учество на ВМРО-ДПМНЕ
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедноста и Агенцијата за разузнавање.
Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР треба да одржи две седници. На првата седница ќе ја разгледува Улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство. По завршувањето на оваа седница членовите на Комисијата ќе одржа нова седница во врска со Информирањето за преземените активности на АНБ во врска со актуелните случувања со дојавите за поставени бомби во училиштата, трговските центри и други објекти.
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се повеќе точки меѓу кои и Годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за период 01.01.-31.12.2021 година и годишен извештај за работата Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2021 година.
Седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го презентираше извештајот за мерките и активностите што МВР ги презело во врска со лажните дојави за поставени експлозивни направи, вчера заврши без учество на ВМРО-ДПМНЕ.
Барањето на министерот Спасовски и претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност Миле Талевски седницата на чиј дневен ред како единствена точка беше информацијата за преземени мерки и активности во врска со лажните дојави за поставени експлозивни направи да биде затворена за јавноста беше причина членовите на ова тело од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја напуштат седницата.
„На мое барање како претседател на Комисијата и на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесовме до МВР да ни достави информација за сите мерки и активности кои МВР ги има преземено во делот на она што значи електронски напади во објектите на подрачјето на целата држава. Од страна на министерот за внатрешни работи во петокот ни беше доставена комплетната информација и јас веднаш свикав Комисија која денеска се одржа. Од страна на министерот беа детално презентирани сите мерки и активности што МВР ги има преземено во делот на откривање и спречување на сите овие напади“,
изјави претседателот на Комисијата Миле Талевски.