Командантот на вооружените сили на Холандија, адмиралот Роберт Бауер e во тридневна службена посета на Северна Македонија. Во рамки на посетата, тој денеска оствари средба со претседателот Стево Пендаровски.
Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, на средбата се разговарало за процесите на трансформација на Армијата на Република Северна Македонија, учеството во меѓународни операции и вежби, како и нејзиниот придонес во справувањето со пандемијата предизвикана од корона вирусот и со мигрантската криза.

„Соговорниците разменија мислења за соработката меѓу Северна Македонија и Холандија, при што констатираа дека членството во НАТО отвора нови можности за интензивирањето на воената и одбранбената соработка меѓу двете земји. Претседателот Пендаровски истакна дека земјава ќе продолжи да ги зајакнува односите со Холандија и во таа насока се заблагодари за долгогодишната отворена поддршка во помагање на македонското општество во реформите потребни за успешно заокружување на членството во НАТО и за преговорите за членство во ЕУ“,
се наведува во соопштението.
Адмиралот Роберт Бауер оствари средба и со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска .
Бауер се сретне и со неговиот колега генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
„Една од темите за дискусија ќе биде понатамошното унапредување во контекст на НАТО на успешната соработка во областа на одбраната која меѓу нашите две држави постои од 1997 година. Посетата воедно претставува и одбележување на членството на Република Северна
велат од холандската амбасада во Скопје.
Македонија во НАТО“,