Меѓу 600-те учесници во студијата, забележани се само неколку сериозни несакани ефекти, велат авторите на студијата
Шпанска студија за комбинирање на вакцини против ковид-19 откри дека e исклучително безбедно и ефикасно, лица примиле вакцина „Астра Зенека“ може да примат доза “Фајзер“, објавија денеска истражувачите.
Таканаречената студија „Комбивакс“, предводена од шпанскиот државен здравствен институт Карлос III, покажа дека имунолошкиот одговор кај луѓето кои примиле вакцина „Фајзер“ е меѓу 30 и 40 пати поголем отколку во контролната група на луѓе кои примале само една доза на „Астра Зенека“, објави Ројтерс.
Меѓу 600-те учесници во студијата, забележани се само неколку сериозни несакани ефекти, велат авторите на студијата.