Како и Борут Пахор, таа е активна и на социјалните мрежи, иако има многу помалку следбеници од него. Таа има повеќе од 54 000 следбеници на Твитер, речиси половина од претседателот во заминување и 2 209 на Инстаграм, што е 60 пати помалку од Пахор
Во вториот круг од претседателските избори во Словенија, Наташа Пирц Мусар го победи противкандидатот Анже Логар.
„Сакам Словенија да стане земја во која младите ќе сакаат да останат“,
изјави Пирц Мусар, која е активна на социјалните мрежи, иако има многу помалку следбеници од нејзиниот претходник.
Новата претседателка е адвокатка, поседува три фирми и собира фигури од бувови, кои ги сака бидејќи симболизираат мудрост.
Наташа Пирц Мусар е првата жена претседателка на Словенија, а целта ја постигна без партиската инфраструктура која го поддржа нејзиниот противкандидат.
#Volitve 🗳️ Hvala! 🇸🇮 pic.twitter.com/rWendWlQsO
— Nataša Pirc Musar (@nmusar) November 13, 2022
Родена е во 1968 година во Љубљана во работничко семејство. Детството го поминала во Камник, а сега живее во Радомље.
Дипломирала на Правниот факултет во Љубљана во 1992 година, а 23 години подоцна докторирала на Правниот факултет во Виена.
Првата работа и беше на националната телевизија, а по шест години се пресели во ПОП ТВ. Во јули 2004 година, Националното собрание ја избра за првпат за Комесар за информирање, а вториот петгодишен мандат на оваа функција го заврши во 2014 година. Оттогаш таа се занимава со адвокатура.
Како и Борут Пахор, таа е активна и на социјалните мрежи, иако има многу помалку следбеници од него. Таа има повеќе од 54 000 следбеници на Твитер, речиси половина од претседателот во заминување и 2 209 на Инстаграм, што е 60 пати помалку од Пахор.
Дома има две чивави и колекција фигурини од бувови кои ги собира веќе дваесет години. Мусар вели дека ја сака оваа птица бидејќи е симбол на мудроста. Нејзино хоби е и возење мотоцикли.
Мусар има 273 000 евра заштеди во банка и финансиски вложувања, поседува 145 акции на „Крка“, вредни нешто повеќе од 62 000 евра.
Сопственичка е на три фирми (Адвокатска канцеларија Пирц Мусар и Лемут Стрле, Инфо куќа, Руска дача), вкупната книговодствена вредност на акциите е 212 000 евра. Таа е и косопственик на семејната куќа во која живее со сопругот Алеш.
Алеш Мусар се збогатил на почетокот на приватизацијата на државните фирми, но Наташа Пирц Мусар тврди дека целото богатство е заработено чесно и законски. Тие го имаат синот Макс, кој е студент по машинство. Од неодамна живеат во Радомље, на северот на Словенија.