Земјите сега разговараат за ризиците и придобивките од признавањето на групата, па најверојатно нема да брзаат со одлучувањето и може да ги чекаат потезите на другите влади за да одлучат
Помалку од една недела откако талибанците го освоија Кабул, владите почнуваат да го разгледуваат прашањето, кога и дали треба да ја признаат исламистичката група како легитимна владејачка сила во Авганистан. Талибанците, група која Советот за безбедност на Обединетите нации ја нарекува терористичка од 1999 година, се тнр. „парија“ (најниската каста) повеќе од две децении, анализира Гласот на Америка.
Кога талибанците „се кренаа од пепел“ по речиси 10 години од неуспешната војна на Советскиот Сојуз во Авганистан и дојдоа на власт во средината на 90-те години на минатиот век, само три земји формално ја признаа нивната контрола над земјата – Пакистан, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Бидејќи земјите сега разговараат за ризиците и придобивките од признавањето на групата, најверојатно нема да брзаат со одлучувањето и може да ги чекаат потезите на другите влади за да одлучат.
Американскиот Стејт департмент оваа недела истакна дека „немало формален трансфер на власта“ во Авганистан, избегнувајќи да објави кога САД ќе ги признаат како владејачка сила.
Земјите како Русија и Кина го следат регионалниот безбедносен вакуум што го остави повлекувањето на САД и најверојатно ќе ги признаат талибанците како можност за проширување на нивното влијание.
„Конечно, додека западните членки на Советот за безбедност се фокусираат на прашања како што се правата на жените, Русија е најзаинтересирана за регионалната безбедност“,
вели Ричард Гауан, директор на Меѓународната кризна група на Обединетите нации, додавајќи дека Кина и Русија имаат добри причини да се бидат прагматични во однос на талибанците, со оглед на нивните непосредни регионални проблеми.
„Нема место за паника“,
рече рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија на итниот состанок на Советот за безбедност на 16 август, ден откако талибанците го зазедоа Кабул, ддавајќи дека руската амбасада во тој град ќе продолжи да работи нормално.
„Што се однесува до нашите понатамошни официјални чекори во врска со талибанците, ние ќе одлучиме вр основа на основа на нивните конкретни настани и дејства“,
рече рускиот претставник.
Кина неодамна беше домаќин на девет талибански лидери во северниот град Тијанџин, а во четвртокот ја повика меѓународната заедница да ги „охрабри и насочи“ талибанците во позитивна насока, наместо да врши поголем притисок.
Пакистан, кој долго време беше безбедно засолниште за групата, рече дека прави „активни напори“ да промовира инклузивно политичко решение во Авганистан.
Западните земји, исто така, би можеле да заземат заедничка позиција за признавање. Претставници на Групата седум водечки индустриски нации ќе се состанат следната недела за да разговараат за развојот на настаните. Според Гласот на Америка, лидерите би можеле да се договорат за листата на критериуми што талибанците треба да ги исполнат пред да размислат за нивното дипломатско признавање.