Претходно денеска од Центарот за управување со кризи информираа дека кај нив било пријавено оти во невремето кое попладнево го зафати Скопје се поплавени подрумските простории на Клиниката за кардиологија каде што се сместени салите за интервенција
Клиниката за кардиологија ги демантира наводите кои претходно денеска ги изнесе Центарот за управување со кризи (ЦУК) оти се поплавени подрумските простории на Клиниката каде што се сместени салите за интервенција.
Салите за ангиографија, велат од Клиниката, функционираат во стандардни услови и по стандардни протоколи.
„Универзитетската клиника за кардиологија ве известува дека се има појавено вода во една од просториите и дека сѐ е во најдобар ред и направени се итни интервенции, и салите за ангиографија функционираат во стандардни услови и по стандардни протоколи“,
се вели во соопштението од Клиниката, пренесе МИА.
Претходно денеска од ЦУК информираа дека кај нив било пријавено оти во невремето кое попладнево го зафати Скопје се поплавени подрумските простории на Клиниката за кардиологија каде што се салите за интервенција.
Невремето со пороен дожд, силен ветер и грмотевици го зафати Скопје нешто пред 16 часот. Како последица на невремето, во ЦУК стигнале повеќе пријави за поплавени подрумски простории и улици, за откорнати дрвја, но и за скинати кабли и скршени бандери за струја.
