Неколку руски ракети беа истрелани врз главниот град на Украина оваа недела
Во воздушен напад на главниот град на Украина рано утринава загинаа три лица, меѓу кои и две деца, соопштија градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, и воените власти.
„Три лица загинаа, а четворица се ранети во областа Десњан. Меѓу загинатите во областа Десњан има две деца (5-6 и 12-13 години)“,
објави воената управа на Киев на Телеграм.
Кличко на Телеграм напиша:
„Според првите информации добиени од спасувачките екипи, во тој дел на Киев се пронајдени тројца мртви, меѓу кои две деца, има и четворица ранети“.
Неколку руски ракети беа истрелани врз главниот град на Украина оваа недела.
Во понеделникот жителите на Киев мораа да бараат засолниште поради необичен напад во текот на денот.