Политичкиот аналитичар Сашо Клековски, во дебата на „360 Степени“, зборуваше за вториот круг од претседателските избори и кои се следните чекори за ВМРО-ДПМНЕ.
– Самото ВМРО-ДПМНЕ имаше искуство дека мора да излезе од етничките македонски рамки. Успехот на Груевски во големите победи во 2008 и неколкуте следни беше затоа што ги привлече малите заедници кон себе. Сега има проблеми и со помалите заедници, бидејќи политичките партии се прејдени на страната на СДСМ. Ќе биде проблем и на парламетарните избори, но посебно на мнозинските системи, како за Град Скопје и за претседател, јасно е дека колку и да се етничките Албанци во проценти многу или малку, без нив тешко ќе се постигне разлика во останатото гласачко тело, за да се надмине отсуството на гласови. Неминовно ќе биде ВМРО-ДПМНЕ да најде начин да дискутира со БЕСА и со Алијансата – рече Клековски.
Тој рече дека е потребна поголема конзистентност во пораките кон Албанците.