Во градот Џулиан се појавило ново жариште на коронавирусот
Во кинеската провинција Хунан, на околу 300 километри од епицентарот на пандемијата Вухан, се појави ново жариште на коронавирусот поради што властите најавија дека за пет дена ќе го вакцинираат целото население на еден град од 300 000 жители.
Државната телевизија ЦЦТВ покажа луѓе што чекаат во редови за вакцинација во градот Џулиан, каде што од вторникот се потврдени 16 случаи.
Од вкупниот број на заразени, 12 се Кинези, а четворица се државјани на Мјанмар, со кои се граничи Хунан.
Официјален претставник на Комунистичката партија на Кина вчера изјави дека првите 159 000 дози на вакцината пристигнале во градот.
Кина планира да вакцинира 40 отсто од населението до крајот на јуни, што според „Оксфорд Економикс“ ќе придонесе за 9,3 отсто економски раст оваа година.
За да се постигне таа цел, Кина мора да вакцинира 10 милиони луѓе секој ден, што е двојно повеќе од сегашниот капацитет.
Доколку кинеската влада успее да го одржи овој сооднос до третиот квартал, ќе се постигне колективен имунитет, т.е. ќе бидат вакцинирани помеѓу 60 и 70 отсто од населението во земјата.