Оваа стратегија, пишува Би-би-си, резултираше со многу помалку смртни случаи отколку во многу други земји, но стратегијата се соочува и со отпор од населението бидејќи луѓето и бизнисите се соочуваат со постојани ограничувања
Речиси еден милион луѓе во предградие на Вухан се ставен во карантин. Оваа одлука на властите следува откако беа откриени четири асимптоматски случаи на ковид-19. Наредбата е да седат во своите домови наредните три дена.
Вухан 12-милионски град во централна Кина каде за првпат се појави коронавирусот, а стратегијата за борба против вирусот што ја следат кинеските власти е „нула случаи на ковид“. За таа цел се спроведува масовно тестирање, строги правила за изолација и се воведуваат локални карантини.
Оваа стратегија, пишува Би-би-си, резултираше со многу помалку смртни случаи отколку во многу други земји, но стратегијата се соочува и со отпор од населението бидејќи луѓето и бизнисите се соочуваат со постојани ограничувања.
Следејќи ја оваа стратегија, минатиот месец и градот Шангај со 25 милиони жители, конечно излезе од строгиот двомесечен карантин. За да се намалат штетите врз економијата, пак, на дел од вработените им беше посочено и привремено да живеат на нивните работни места и на тој начин да ги минимизираат контактите со другите луѓе надвор од работата.