Зеинаб Сулејмани, ќерката на иранскиот генерал Касим Сулејмани, убиен во воздушниот напад на САД во Багдад, се закани со напад врз американските воени сили на Блискиот Исток.
Семејствата на американските војници на Блискиот исток ќе поминат денови во очекување на смртта на нивните деца.
рече таа, обраќајќи се пред стотици илјади луѓе за време на погребната поворка за нејзиниот татко во Техеран.
Исто така, генералот Исмаил Гани, кој го замени Сулејмани на лидерското место на елитната единица Кудс, вети дека ќе се одмазди.
Семоќниот Бог вети дека ќе се одмазди, а Бог е главниот одмаздник. Секако ќе се преземат активности.
рече Гани во интервју за Иранската државна телевизија.
Во меѓувреме амбасадорите на НАТО ќе се состанат во Брисел додека се зголемуваат тензиите на Блискиот исток, откако американските сили убија висок ирански генерал.
Северноатлантскиот совет ќе ја разгледа ситуацијата во регионот. Генералниот секретар одлучи да го свика состанокот на амбасадорите на НАТО по консултациите со сојузниците.
изјави претставник на НАТО.
Минатонеделното убиство на Касим Сулејмани во американски напад со беспилотно летало на аеродромот во Багдад изненади многу од сојузниците на Вашингтон и предизвика повици за деескалација.
Техеран најави одмазда за командантот на Ал Кудс силите, додека во Ирак пратениците побараа 5.200 американски војници кои се стационирани таму да ја напуштат државата.